Нејмар не се појавил на предсезонскиот летен собир на првиот тим на Пари Сен Жеремн и за тоа не информирал никого. Ова стои во официјалното соопштение од клубот.
Нејмар не се појавил на договореното место и време, а за тоа претходно не разговарал со никој надлежен во клубот велат од ПСЖ.
Од ПСЖ информираат дека ја осудуваат ваквата ситуација и оти ќе ги преземат сите мерки кои резултираат од неа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА