Османи: Значајна победа, но работата мора да се заврши пред нашите навивачи

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи секако не го криеше задоволството по триумфот над естонскиот шампион Номе Калју во Талин на стартот од натпреварите во квалификациите за Лигата на шампионите.

Шкендија по гостинската победа од 0-1 е на добар пат да обезбеди пласман во следната рунда натпревари, но Османи потенцира дека задачата не е до крај завршена.

„Убаво е кога европските настапи ќе ги почнете со победа иако мора да нагласам дека можевме и мораше да дојдеме и до поубедлива победа. Но, секако ова е прв натпревар за нас ова лето и секако значајна победа. Сепак, не треба сега триумфот да не залажува затоа што целокупната работа ќе мора да ја завршиме за една недела пред нашите навивачи и секако да обезбедиме пласман во следното коло“ – истакна Османи.

Се вчитува...