Шпанскиот првак Барселона се најде во неочекувани проблеми за реализација на трансферот на Антоан Гризман. Најавите беа дека каталонскиот гигант по 1 јули ќе ја плати отштетната клаузула од 120 милиони евра и до петок ќе го претстави големото засилување на „Камп Ноу“, а од понеделник тој да стартува и со тренинзи во тимот на Ернесто Валверде.
Но, се појавија неочекувани проблеми за Барселона. Клубот поради намалената ликвидност не може да подигне кредит од 120 милиони евра и ќе мора да се снајде на поинаков начин за да ја уплати отштетата за Атлетико Мадрид. Тоа малку ќе го забави процесот и реализацијата на еден од двата најголеми трансфери на „Камп Ноу“ ова лето. Паралелно, Барселона се обидува да го врати назад и Бразилецот Нејмар кој пред две сезони се пресели во ПСЖ, а сега е пред камбек во поранешниот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА