Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед експресно ја одби понудата на Барселона за ангажман на шведскиот интернационалец Виктор Линделоф. Каталонскиот гигант посакува квалитетен дефанзивец, а најверојатно ќе извиси во трката за Матијс де Лихт, капитенот на Ајакс кој е пред трансфер во Јувентус. Валверде смисли да го доведе Линделоф како втора опција, но ниту таа нема да му се реализира.
Барселона понуди 60 милиони евра за стоперот на Јунајтед, а тој пред две сезони дојде на „Олд Трафорд“ за сума од 35 милиони евра од редовите на Бенфика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА