Вукас: Академија Пандев е незгоден противник, не смееме да ги потцениме

Стратегот на Зрињски, Хари Вукас пред утрешниот дуел со Академија Пандев на арената „Тодор Проевски“ вели дека неговиот тим не ја носи фаворитската улога, и без ниту најмало потценување пристапуваат на натпреварот против струмичани.

„Академија Пандев е одлична екипа која ќе игра без некој притисок, а тоа на вакви натпревари може да биде предност. Затоа без ниту најмалку потценување ја очекуваме пресметката. Доброт го анализиравме противникот кој има одлични поединци како Дориев и Сашко Пандев, но и извонредни млади фудбалери. Ова за мене е деби на клупата на Зрињски и секако сакам успешно да го заокружам“ – истакна Вукас на прес-конференцијата во Скопје.

Слично е размислувањето и на капитенот Слободан Јаковљевиќ….

„Тука сме во Скопје да одиграме најдобро што можеме и умееме. Не смее да има потценување на противникот ако сакаме пласман во следната рунда натпревари“ – истакна Јаковљевиќ.

Се вчитува...