Шефот на стручниот штаб на Македонија ЃП, Александар Таневски истакна дека се освен пораз на гостувањето против Алашкерт во Ереван ќе биде успех за неговиот тим од првиот натпревар во квалификациите за Лигата на Европа.
„Не очекува меч со силен тим, еден од најдобрите од Ерменија. Може да се каже дека Алашкерт ја носи фаворитската улога но ние ќе дадеме се од себе за рамноправен меч и во Ереван. Добро го проучивме противникот“ – истакна Таневски на прес-конференцијата во Ереван и дополни:
„Дали реми за нас ќе биде добар резултат? Секој резултат, освен пораз, ќе го сметаме позитивен за нас!“
Според тренерот на „лавовите“ не е важна досегашната традиција на победи на ерменските против македонските тимови во европските купови, но ќе биде најважно неговиот тим да одигра максимално мотивирано и желно за успех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА