Босанците чекаа скопско сонце, добија дожд… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Зрињски на националната арена „Тодор Проевски“ го одработија официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар против Академија Пандев од првото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Босанците, како што сами истакнаа, во Скопје очекувале пеколно време и сонце. Но, наспроти тоа добија дожд…

„Временските услови и тоа како ни одговараат. Добро е вакво освежување среде лето“ – коментираа дел од фудбалерите на Зрињски пред тренингот во Скопје.

 

Се вчитува...