Нескриен оптимизам владее во таборот на Македонија ЃП пред денешниот прв натпревар од стартното квалификациско коло за Лигата на Европа. „Лавовите“ од 17 часот во Ереван ги очекува пресметката против ерменски Алашкерт, носени од желбата за позитивен резултат кој би оставил можност за пласман во следната рунда натпревари.
Офанзивецот на Македонија ЃП, Дејан Тантуровски верува дека тимот може успешно да им парира на Ерменците, верувајќи дека патникот во 2. квалификациско коло од ЛЕ ќе се одлучува на реваншот во Скопје.
„Мислам дека сосема заслужено стигнавме до тука. Натпреварот со Алашкерт ќе биде тежок за двете екипи, но ние сме максимално подготвени и се надеваме на позитивен резултат. А тоа е се освен пораз. За противничката екипа Алашкерт имаме голема почит, тие важат за една квалитетна екипа која што веќе четири години по ред игра во европските натпреварувања. Тоа можеби ги прави фаворити, но јас мислам дека ќе биде до крај неизвесен двомеч. Тоа ќе го докажеме веќе на натпреварот во Ереван“ – вели Тантуровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА