Италијанскиот калчолигаш Интер полека се повлекува од преговорите со Манчестер Јунајтед за ангажман на Ромелу Лукаку. Раководството на „нероаѕурите“ се обидува да го доведе на двегодишна позајмица со опција за целосен откуп на договорот, а англискиот клуб многу повеќе би сакал веднаш да го продаде Белгиецот и да ослободи финансии во буџетот за ново засилување. Сепак, во плановите на Интер не е веднаш да исплати 75 милиони евра.
„Нероаѕурите“ сега повторно се насочени кон босанскиот интернационалец Един Џеко. За него Рома бара 18 милиони евра, што е финансиски многу подобра опција од ангажманот на Лукаку. Тренерот Антонио Конте посакува да има нов квалитетен напаѓач со оглед дека не смета на контроверзниот Мауро Икарди, кој треба да биде продаден до крајот на летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА