Подготвувајќи се за новата сезона Охрид ги засили своите редови и со пивотот Кристијан Анастасовски кој меѓу охриѓани доаѓа од редовите на Работнички.
Со ангажманот на Анастасовски охриѓани го затворија списокот ракометари кои играат на линијата од шест метри, откако претходно беше продолжен договорот со Иван Тасески, а во тимот е и кадетскиот репрезентативец Кристијан Димитриески.
Охрид претходно се засили и со голманот Никола Даниловски, а продолжен е договорот и со досегашниот голман Јагош Брауновиќ. Во стручниот штаб, новиот тренер Раде Стојановиќ го вклучи и Филип Јовановски, кој долги години работеше во женскиот ракометен клуб Лихнид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА