Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави како ќе изгледа распределбата на финансиите во двете натпреварувања под нејзини покровителство. Како и претходните сезони и понатаму далеку поисплатливо е учеството во плеј-офот од елитното натпреварување.
Самиот пласман во групната фаза од Лигата на шампионите ќе донесе 15.250.000 евра, додека пласманот во групната фаза од Лигата на Европа само 2.750.000 евра. Шампионот во Лига Европа доколку ги забележи сите победи максимално може да освои 20 милиони евра, додека тој во Лигата на шампионите минимално ќе инкасира 66 милиони евра, а максимално може да стигне и до бројката од 82.200.000 евра.
Најдобар пат до групната фаза во Лигата на Европа е преку пораз во плеј-офот од Лигата на шампионите, бидејќи учесниците во тој сегмент ќе добијат околу шест милиони евра, додека тие во плеј-офот од Лигата на Европа ќе заработа меѓу 780.000 и 1.400.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА