Светската фудбалска федерација (ФИФА) најави построги казни во борбата против расизмот, а новиот Дисциплински правилник ќе почне да се употребува од понеделник 15. јули.
По готово 15 години без никакви промени во Дисциплинскиот правилник, новата верзија е развиена во договор со шесте конфедерации. Промените следуваа по низата на инциденти на натпреварите од националните првенства минатата сезона. Најважната промена е нултата толеранција на расизмот во кој било облик на дискриминација. На списокот на казни се играќе без домашна публика, играње на неутрален терен, одземање на бодови, а можно е и исфрлување во понизок ранг на натпреварување.
Минималната казна за фудбалерите од пет е зголемена на десет натпревари, на жртвите на расизам ќе им биде дозволено да бидат дел од истрагата и да можат да сведочат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА