Англискиот премиерлигаш Вест хем е заинтересиран за аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин. Менаџерот Мануел Пелегрини посакува нов квалитетен напаѓач во тимот и смета дека Игуаин би бил одлично решение.
Аргентинецот има уште две сезони од договорот со Јувентус и се врати во Торино по позајмиците во Милан и во Челси. Новиот тренер на „старата дама“, Маурицио Сари, го доведе во Челси, а сега заедно се дел од Јувентус. Но, Вест хем се надева дека може да го убеди Гонзало Игуаин повторно да биде дел од Премиер – лигата. Раководството се обидува да го доведе повторно како позајмен играч за претстојната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА