Македонскиот второлигаш Беласица претстави пет засилувања за новата сезона, кои ќе му бидат на располагање на новиот тренер Ване Милков во обидот за брзо враќање во елитата. Најзвучно име е Цветан Чурлинов, искусниот напаѓач кој доаѓа од ФК Кожуф, а во минатото има настапувано за Работнички, Тетекс, Металург, Хоризонт Турново. Офанзивата ќе ја дополни и 19 -годишниот Дарко Размоски кој игра на крилните позиции, а доаѓа од Брегалница.
Игор Паноски ќе ја засили одбраната, а во изминатите 6 месеци беше стандарден првотимец на Победа Прилеп. На позицијата десен бек ново име е Зоран Ивановски кој досега беше член на Академија Пандев. Од истиот тим и стоперот Никола Спасов потпиша за Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА