Дебакл на кошаркарите на почетокот на ЕП до 20 години Б дивизија

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години со пораз од Белгија со 95-56 го отворија Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Португалија.

Белгиските надежи уште од самиот старт ја покажаа разликата во класи откако првата четвртина ја добија со +14 (27-14). Во продолжението на мечот разликата само се зголемуваше за конечни 95-56. Најефикасен во нашиот табор беше Павле Михајлоски со 17 поени, додека кај Белгијците најдобар поединец беше Харис Братановиќ со 16 уфрлени поени.

Во второто коло кое е на програмата утре избраниците на Дарко Радуловиќ ќе се сретнат со домаќинот Португалија.

Се вчитува...