Учесниците во Евролигата од сезоната 2022/2023 ќе мора да внимаваат на тоа како и колку ќе потрошат во создавањето на тимовите. Согласно новиот состав ако клубот заработува 10 милиони евра, потрошувачката во годината нема да смее да биде поголема од 14 милиони евра.
Принципот е сличен како во „селари-капот“ во НБА лигата, но нема да биде целосна негова имплементација во Евролигата. На пример ако клуб кој има заработка 10 милиони евра, ако сака да потроши повеќе од 14 милиони евра ќе мора да плати одреден „данок на луксуз“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА