Михајловиќ поради сериозна болест ја завршува тренерската кариера

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ изненадувачки ја прекинува својата професионална кариера соочен со сериозна болест. Како што пренесува „Кориере дело спорт“, Михајловиќ и неговото семејство доживеала вистински шок по сознанијата за тешка болест со која се соочува тренерот на Болоња поради која мора да ја напушти клупата на италијанскиот калчолигаш.

Не се открива за каква болест станува збор, но по деталните лекарски прегледи препорачано е Михајловиќ да ја остави професионалната тренерска кариера и максимално да се посвети на третманите за лекување.

 

Поранешниот селектор на Србија за денеска најави и прес-конференција на која ќе изнесе детали околу целокупната ситуација. Михајловиќ минатата година ја презеде клупата на Болоња на местото на Пипо Инзаги, притоа успевајќи да ја донесе Болоња и до десеттата позиција во Серија А иако претходно беше еден од најсериозните кандидати за напуштање на лигата.

Се вчитува...