Веста за тешката болест на Синиша Михајловиќ поради која српскиот стратег е принуден да ја прекине тренерската кариера ја потресе фудбалската јавност. Михајловиќ за попладнево најави прес-конференција на која ќе говори за здравствените проблеми и ќе го потврди заминувањето од клупата на Болоња, а во меѓувреме на негова адреса пристигнуваат бројни пораки со поддршка.
Една од најемотивните е онаа што ја испрати италијанскиот селектор Роберто Манчини, кој му беше соиграч на Михајловиќ во Лацио, а потоа двајцата соработуваа и во стручниот штаб на Интер.
„Премногу си силен, Синиша. Ова ќе те направи уште посилен, па потоа повторно заедно ќе играме падел“ – напиша Манчини на својот инстаграм-профил, објавувајќи бројни заеднички фотографии со Михајловиќ.
View this post on Instagram
Sei troppo forte @mrmihajlovic ??????questo ti fa un baffo e poi dobbiamo giocare a padel #mancio ?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА