Мауро Икарди беше дел од таборот на Интер на првите тренинзи под водство на Антонио Конте, но екс-капитенот се врати назад во Милано и нема да патува со „нероаѕурите“ на турнеата низ Азија. Аргентинецот добил зелено светло од Конте за да не патува со тимот, па неколку дена пред остатокот од екипата пристигна во Милано, каде ќе тренира индивидуално во наредниот период.
Весникот „Газета дело спорт“ тврди дека Икарди уште еднаш го повторил својот став – сака само во Јувентус и нема да разгледува ниту една друга понуда што ќе пристигне на негова адреса. Според истиот извор, тој веќе постигнал договор за петгодишна соработка со „старата дама“, за плата од осум милиони евра по сезона и нема намера да се премисли дури и доколку добие побогата понуда од друг клуб.
Интер досега одбиваше да преговара за продажба на најдобриот стрелец во таборот на најлутиот ривал, но во ситуација кога без продажба на Икарди не може да биде купен Лукаку, па Марота ќе биде принуден на преговори со Јуве.
Icardi will NOT travel with Inter on their Asia tour – Gazzetta are already reporting that’s he’s waiting for Juventus to buy him & that he’s already agreed a contract with them: 5 year deal, €8 million a season
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА