Македонските репрезентативци Горан Пандев и Стефан Ристовски се дел од бројните фудбалери и фудбалски работници од целиот свет кои денеска изразуваат поддршка на Синиша Михајловиќ кого во иднина го чека животна битка со леукемија.
Пандев на својот Инстаграм профил сподели фотографија од нивни заеднички дуел од периодот кога капитенот на македонската репрезентација играше за Лацио, а Михајловиќ беше во дресот на Интер.
Ристовски, пак, соработуваше со Михајловиќ во периодот на негови настапи низ Италија, а минатата година српскиот тренер неколку денови беше именуван и за нов шеф на стручниот штаб на Спортинг Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА