Гризман пристигна, следен е Нејмар: Едвај чекам да заиграм со Меси!

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман синоќа пристигна во Барселона. Каталонскиот тим уплати 120 милиони евра за „слободата“ на Гризман па сега е уште една ѕвезда во низата кои пристигнале на „Ноу Камп“.

„Секако дека сум пресреќен. Едвај чекам да заигра заедно со Меси“ – рече Гризман на првото појавување во Барселона.

Но, Гризман очигледно нема да биде единствената суперѕвезда која ќе го облече дресот на каталонскиот тим ова лето. Наскоро враќање во Барселона може да има за Бразилецот Нејмар. Па, шпанските медиуми веќе навестуваат:

„Гризман е тука – следен е Нејмар“.

 

Нејмар во летото 2017 ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ за рекорден трансфер вреден 222 милиони евра.

Се вчитува...