Кошаркарот на Црвена Звезда и српски репрезентативец Огњен Кузмиќ тешко е повреден во сообраќајна несреќа што се случила утрово на патот Бања Лука – Приједор кај Рамиќи. Тој е повреден при директен судир на „БМВ“ и на „Порше“. Кошаркарот се наоѓал во автомобилот „Порше“ и веднаш е пренесен во Клиничкиот центар на Република Српска.
„Покрај Кузмиќ, тешко е повреден и неговиот пријател Богдан Илиќ кој исто така бил во автомобилот „Порше“. Двајцата патници во автомобилот „БМВ“ минале со полесни повреди“, информираат српските медиуми.
Огњен Кузмиќ се здобил со тешки повреди на главата и на градниот кош, а брзо ќе биде префрлен на лекување во Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА