Суперлигашот Бутел од Скопје за новата сезона се засили и со десното крило Мартин Димов кој потпиша двегодишен договор.
Димот претходно во кариерата настапуваше за Борец Велес како и за Вардар јуниор, а беше дел и од првиот тим на Вардар на три натпревари во СЕХА регионалната лига минатата сезона. Сега треба да биде квалитетно засилување за Бутел во Суперлигата и во ЕХФ купот.
Покрај Димов, претходно Бутел ги освежни своите редови и со Давор Шокоски и Златко Даскалоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА