Францускиот интернационалец Антоан Гризман го реализираше трансферот во Барселона и ќе го носи дресот со број „17“. Тој истакна дека не чувствува грижа за заминувањето од Атлетико Мадрид, а далеку од тоа дека го изневерил поранешниот клуб.
„Не чувствувам дека сум го изневерил Атлетико Мадрид. Играв со цело срце на секој меч за тимот. Дојде време за нов предизвик и ја избрав Барселона. Секогаш ќе го паметам периодот поминат во дресот на Атлетико Мадрид, но сега е време за нови желби и очекувања“, изјави Антоан Гризман.
Тој истакна дека едвај чека да заигра во ист тим со Лионел Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА