За да го купи Антоан Гризман, Барселона зеде кредит и сега нема пари за трансферот на прескапиот Нејмар. Клубот призна дека за да плати дел од сумата за Гризман морал да земе 35 милиони фунти кредит кој ќе го враќа во шест месеци. Вториот дел од сумата е покриен на поинаков начин.
85 милиони евра ќе бидат покриени така што трета страна ја преземе фактурата која треба да биде платена, а подоцна може да ја кешира како профит. Барселона има ваков договор и за Андре Гомеш со Евертон и затоа не може да ги користи тие пари.
Ваквиот финансиски инжинеринг и земањето кредит за да ја активира откупната клузула за Гриузман, бидејќи парите мораше да бидат платени однапред, покажува дека Барслеона која веќе го купи и Френки Де Јонг, нема веќе финансии за нови трансфери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА