Луис Хамилтон и сезонава е неприкосновен во Формула 1 шампионатот, а единствен кој може да ја загрози неговата доминација е клупскиот колега Валтери Ботас кој се наоѓа 39 поени зад Британецот во генералниот пласман. Во последната трка која се возеше за ГН на Британија, иако Ботас ја имаше пол-позицијата, до победата повторно стигна Хамилтон. На почетокот на трката на Силверстоун двајцата возачи имаа дуел, за кој шефот на германскиот тим, Тото Волф вели дека бил интересен и дека нема никакви валкани игри меѓу неговите двајца возачи.
„Тоа беше одлична трка меѓу Луис и Валтери. Беше забавно за гледање и никој не може да каже дека тоа не беше убав дуел, без никакви валкани игри. За разлика од другите возачи за кои можам да кажам дека нивните дуели се на граница на дозволеното. Секогаш има валкани работи во Формула1 и убаво е да се гледаат, но не меѓу тимски колеги. Ние тој проблем го немаме“, изјави Волф.
Следната трка во Ф1 шампионатот е закажана за 28. јули, а ќе се вози за ГН на Германија на патеката Хокенхајм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА