Итудис е тренер на годината во Евролигата

Димитрис Итудис е добитник на наградата „Александер Гомељски“ за најдобар тренер во Евролигата за сезоната 2018/2019, апсолутно заслужено откако ја одведе ЦСКА Москва до титулата во елитното европско натпреварување.

Грчкиот стручњак дојде на чело на ЦСКА во 2014 година, а сезонава стигна до втората европска круна. Ова воедно е и втора ваква награда за Итудис, кој првата ја освои во 2016 година. Покрај двете титули со ЦСКА Москва, Итудис има пет трофеи како помошник на Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос.

 

 

Се вчитува...