Англискиот репрезентативец Киран Трипие го напушта Тотенхем и се сели во Шпанија. Тој ќе биде ново засилување на Атлетико Мадрид. Шпанскиот клуб плати отштета од 21,7 милиони фунти и го доведе десниот бек на „Ванда Метрополитано“.
Трипие не замина со тимот на Тотенхем на претсезонската турнеја во Сингапур и пристигна во Мадрид каде треба да ги изврши медицинските прегледи.
Тренерот Диего Симеоне беше во потрага по десен бек откако Хуанфран го напушти Атлетико Мадрид ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА