Младинската репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години го претрпе првиот пораз на ЕХФ шампионатот што се одржува во Литванија.
„Црвено-жолтите“ за ривал ја имаа Швајцарија и претрпеа убедлив пораз од 12 гола разлика (22-34). Мечот беше решен уште во првото полувреме, кога Швајцарките поведоа со 12-19, потоа предноста зголемувајќи ја до самиот крај.
Македонија претходно во првото коло убедливо ја совлада Грузија со 19-15, а во рамките од третото коло нашите млади ракометарки ќе се сретнат со домаќинот Литванија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА