На Шкендија и се случи Номе Калју. Естонскиот првак дојде прежален во Македонија, со пораз 0-1 во Талин, но направи сензација, победи со 1-2 и ја елиминира Шкендија. Ова е голем удар за македонскиот првак, но Агим Ибраими вели дека тимот треба да одговори со добра и резултат на следниот дуел против Дуделанж во квалификациите за Лигата на Европа.
„Ова е голем удар за амбициите на клубот. Не требаше да дозволиме да се случи ова. Но, ние сме професионалци и треба да бидеме големи и во поразот. Лошо е тоа што се случи, но не треба да драматизираме, да не паднеме на притисокот на коментарите и критиките, туку да се фокусираме на следниот предизвик. Сега треба да сме сплотени, ние фудбалерите и стручниот штаб, не очекува настап против Дуделанж и треба да одговориме со добра игра и резултат“, вели за ЕКИПА, Агим Ибраими.
Шкендија во вторник ќе го пречека претставникот на Луксембург во првиот меч од втората квалификациска рунда во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА