Во таборот на Македонија ЃП владее нескриена оптимизам пред денешниот реванш натпревар против Алашкерт од првото квалификациско коло во Лигата на Европа кој од 16:30 часот се игра на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Имаат „лавовите“ негатива од 1-3 од првиот дуел во Ереван, но сега и тоа како има сили и мотив да се стигне до изненадување.
„Негативата од 3-1 е достижна. Сега знаеме многу повеќе за Алашкерт. Ако изгубите и 1-0 повторно морате да дадете два гола. Подготвени сме и ќе дадеме се од себе за да минеме во следното коло. Ќе се обидеме да одиграме поофанзивно и да постигнеме брз гол. Верувам дека момците ќе ги исполнат задачите“ – истакна шефот на стучниот штаб Александар Таневски пред денешниот дуел.
Еднакво е размислувањето и на фудбалерите кои ветуваат максимална борбеност во желбата да се дојде до резултат кој би значел и пласман во следната рунда натпревари.
Доколку успеат да го минат Алашкерт, „лавовите“ во второто квалификациско коло ги чека најверојатно пресметка со романска Стеауа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА