Синиша Михајловиќ од понеделникот е во клиниката во Болоња, а по тридневно тестирање денеска официјално беше објавена дијагнозата за болеста на српскиот стратег. Станува збор за хроничан мелоидна леукемија, која најчесто се јавува кај возрасни лица.
Се работи за мутација во крвните садови, при што се создава преголем број на леукоцити. Првичните прогнози се дека шансите за целосно излекување се добри, но прерано е за конкрени анализи се додека не се види како организмот на Михајловиќ ќе ја прифати терапијата што интензивно ќе ја прима во следниот период.
Со хемотерапии е почнато од денеска, а од Болоња објавија дека српскиот стратег паралелно со битката со тешката болест останува во постојан контакт со своите помошници, давајќи им совети за текот на подготовките на екипата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА