Само првото квалификациско коло од двете европски клупски натпреварувања беше доволно да ни го покаже местото на македонскиот фудбал во европски рамки. Ништо повеќе… Осум натпревари на нашите екипи со забележани една победа, едно реми и шест порази, и вкупна гол разлика од 7-19, беа доволни за да ни го прераскажат, всушност, очајот во кој тонеше македонскиот шампионат изминатата сезона.
Сето тоа заокружено со катастрофално европско лето, во кое единствено Шкендија, благодарение на новитетот на УЕФА од пред некоја година, ќе продолжи во Лига Европа и покрај елиминацијата во Лигата на шампионите. Но, и покрај тоа што останува надежта дека Шкендија ќе донесе позитивни моменти во следниот период, ќе остане и силната горчина од начинот на кој македонските екипи не претставуваа во европските натпреварувања, кои за нас не така ретко завршуваат уште пред да почнат…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА