Шкупи го чека и казна од УЕФА: Летаа шишиња кон Ерменците, избегнат инцидент на трибините (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Наспроти елиминацијата уште на стартот од Лигата на Европа, Шкупи без сомнение го очекува и парична казна од УЕФА поради инцидентите во финишот од натпреварот против ерменски Пјуник на арената „Тодор Проевски“ во Скопје.

Во 86. минута по исклучувањето на Сержињо и тензијата која се создаде меѓу фудбалерите на двата тима, почнаа да летаат шишиња кон Ерменците од Северната трибина. Речиси сите фудбалери на Шкупи, но и членови на раководството на клубот, се дадоа во спречување на „налетите од шишиња“ смирувајќи ги навивачите. Но, инцидентите се пренесоа и на дел од трибината каде мораше да интервенираат и припадниците на специјалните единици кои на крајот ги штитеа и гостинските фудбалери на излезот кон соблекувалната на нашиот најголем стадион… Сето тоа, очекувано, забележано и од делегатот на натпреварот.

 

Се вчитува...