Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе биде сместена во шестиот шешир на жрепката за квалификациите за Европското првенство во 2021 година. Во шестиот шешир заедно со Македонија ќе бидат и Унгарија, Босна и Херцеговина и Холандија репрезентации против кои не може да играме во квалификациите.
Осум групи ќе бидат составени од по четири тимови во систем дома-гости. Првиот квалификациски прозорец е предвиден за февруари 2020 година, вториот во ноември истата година, а последниот прозорец во февруари 2021 година.
Првите три тима од секоја група, со исклучок на организаторите, ќе се квалификуваат на Евробаскет 2021. Од групите каде ќе бидат сместени организаторите ќе се пласираат две репрезентации. Ждребот е закажан за в понеделник во Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА