Де Лихт: Имам што да научам од Кјелини, Буфон, Роналдо…

Повеќе од половина од врвните европски клубови го бараа Матијс де Лихт, а тој го избра Јувентус за своја следна дестинација во кариерата. Холандскиот дефанзивец денеска и официјално беше претставен како најново засилување на „старата дама“, избирајќи го дресот со број 4 на италијанскиот првак.

„Убеден сум дека го донесов вистинскиот избор. Ова е голем клуб, сосема поинаков од она што го имавме во Ајакс, каде речиси сите бевме млади играчи. Во Јуве крај себе ќе ги имам Кјелини, Буфон, Роналдо… бројни легенди на овој спорт од кои што ќе имам што да научам. Многу размислував за следниот потег во кариерата, но Јувентус дефинитивно е вистинскиот клуб за мене. Отсекогаш имал врвни дефанзивци, навивав за овој клуб како мал, додека Канаваро го носеше дресот на Јуве, а сега јас ќе ја имам честа да настапувам во црно-белиот дрес“ – истакна Де Лихт.

Холандскиот репрезентативец потпиша петгодишен договор со Јувентус, за плата од 12 милиони евра по сезона.

Се вчитува...