На Хајдук му се заканува исфрлување од европските натпреварувања?

Се уште не се смирија впечатоците од вчерашните случувања на „Пољуд“ по поразот на Хајдук од полуаметерскиот тим од Малта, Гзира. На тимот од Сплит му се заканува и суспензија од натпреварувањата на УЕФА, пренесуваат хрватските медиуми.

Европската куќа на фудбалот неколкупати го казнуваше тимот поради однесувањето на навивачите, кои и вчера беа во главна улога по поразот на својот тим. Тие направија хаос на стадионот, а дел од нив влегоа и на теренот физички да се пресметаат со фудбалерите на Хајдук. Се очекува УЕФА да биде строга поради инцидентите, а можно е тимот од Сплит да биде и исфрлен од европските натпреварувања следната година.

 

Се вчитува...