Светски рекорд: Адам Пити ја урна границата од 57 секунди на 100 метри градно (ВИДЕО)

Британскиот пливач, Адам Пити стана првиот човек во историјата кој успеал да исплива 100 метри градно по 57 секунди. Тој постави нов светски рекорд на оваа делница. Времето кое го исплива во полуфиналето на Светското првенство во Гванжу е 56.88 секунди. Со тоа го подобри сопствениот рекорд поставен минатата година во Глазгов, а кој изнесуваше 57.10 секунди.

Пити е и актуелен олимписки шампион и е непоразен на оваа делница во последниве пет години.

 

Се вчитува...