Андре Силва по неуспешната позајмица во Севилја се врати назад во Милан, но „росонерите“ немаат намера да го задржат во своите редови разгледувајќи неколку понуди за португалскиот голгетер. Во моментов тој се наоѓа најблиску до трансфер во Монако, откако „кнезовите“ во последните денови воделе интензивни преговори за да го донесат Силва на „Луј Втори“.
Весникот „Л’Екип“ обелодени дека поранешниот првак на Франција се согласил да плати 30 милиони евра, сума на која Милан го има проценето голгетерот, па се очекува трансферот да биде комплетиран во текот на оваа седмица.
По продажбата на Силва, се очекува новиот тренер Џампаоло да го испрати на позајмица и Кутроне, со што би создал простор во тимот за ангажман на нов голгетер кој би играл крај Пјонтек во наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА