Интер и Рома на добар пат се да се договорат за трансферот на репрезентативецот на БиХ, Един Џеко. Повеќе не е тајна дека Интер сака да го доведе Џеко, па веќе се најавува официјализација на трансферот во петок.
Но, Интер веќе го засили темпото и во преговорите со Манчестер јунајтед за Ромел Лукаку. На прес-конференција, спортскиот директор на „нераѕурите“, Бепе Марота призна дека веќе се преговара за двајцата напаѓачи и клубот е на добар пат сето тоа да се реализира.
„Конте беше сосема јасен во ставот дека сака двајца напаѓачи. Имавме состаноци и веќе не е тајна дека сме во преговори за ангажман на Лукаку и Џеко. Тоа е еден помлад и еден искусен напаѓач, што беше и наша цел“ – истакна Марота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА