Шефилд Венсдеј ќе го тужи Њукасл

Новиот менаџер на Њукасл, Стив Брус е причина за конфликтот меѓу неговиот нов клуб Њукасл и поранешниот клуб Шефилд Венсдеј. Шефилд го пријави Њукасл бидејќи сметаат дека на нелeгален начин го ангажирале човекот кој ги водеше минатата сезона.

Брус поднесе оставка во Шефилд за да потпише за Њукасл, што според тимот од Чемпионшип-дивизијата е „нелегален потег“ само за да се избегне плаќање на отштета за овој искусен стратег. Токму поради ова, челниците на Шефилд го пријавиле Њукасл на Премиер-лигата, која ќе отвори истрага за целиот случај.

Брус со себе ги одведе и помошниците Стив Егну и Стивен Клеменс, така што Шефилд Венсдеј дојде во незгодна ситуација, на десет дена пред почетокот на сезоната во Чемпионшип-дивизијата да мора да бара комплетно нов стручен штаб.

Се вчитува...