Писонеро: Вардар е нешто посебно, а ракометот е култен спорт во Македонија

Давид Писонеро ќе има одговорна задача како наследник на Роберто Гарсија Парондо како тренер на Вардар да ги брани трофеите во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата. Шпанецот од утре ќе ги стартува подготовките на „црвено-црните“ за следната сезона, но веќе извесно време е во Скопје во обид да се адаптира на новата средина. Условите за работа што ќе ги има без дилеми ќе бидат беспрекорни, нешто што особено го имресионирало Писонеро на почетокот од оваа нова авантура во неговата тренерска кариера.

„Се чувствувам многу добро во Скопје. Веќе го запознавам и градот, и добив многу добра препорака од моите пријатели како добро место за работа и живеење. Ова што тука го има Вардар е навистина извонредно. Штом влегов во салата се возбудив. Го гледаш ова култно место. Се изгледа поинаку кога си тука, на терен, на клупата и горе го гледаш семафорот. Ракометот тука поинаку се доживува, се е посветено на овој спорт. Тоа е разликата со Шпанија“ – истакнува Писонеро.

Управата заврши добра работа успевајќи да задржи дел од ракометарите кои беа на излезна врата, па „црвено-црните“ и во следната сезона ќе имаат конкурентен тим.

„Клубот направи добра работа што го задржи костурот и тимот на е исто ниво како и досега. Милам дека треба мали промни да се направат, и да се продолжи во истата насока. Засега тимот е тој што го имаме. Имам други работи да направам да ја склопам сложувалката“ – вели новиот тренер на „вардарци“.

Се вчитува...