Османи: Пораз по наши грешки, на реваншот мора ова да го поправиме

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи сосема очекувано не го криеше разочарувањето од поразот од Дуделанж во првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Лига Европа. Но, Османи потенцира дека тимот до последно ќе се бори за пласман во следната рунда натпревари…

„Почетокот беше според посакувањата, дадовме гол, потоа и промашивме неколку шанси но ја контролиравме играта. По серијата промашувања во второто полувреме дојде казната. Примивме голови по наши грешки. Се повторува слабата реализација, потоа повторно не можевме да се вратиме. Мислам дека не е физичката подготвеност во прашање. Сега останува да се подготвиме подобро за реваншот и да одиграме најдобро што можеме“ – истакна Османи на прес-конференцијата по натпреварот.

Тренерот на Дуделанж, Емилио Фереира смета дека ништо не е завршена и покрај триумфот на неговиот тим…

„Ништо не е завршено. Победивме, но не очекува уште еден меч. Шкендија е силен тим, нема така лесно да се предаде. Искрено не очекувавме ваков добар исход за нас“ – рече Фереира.

 

Се вчитува...