Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со неговиот Динамо Загреб веќе се со една нога во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар од втората квалификациска рунда славеа на гостувањето против грузиски Сабуртало со 0-2.
„Модрите“ долго го кршеа отпорот на домашните и конечно го скршија во финишот на мечот. Најпрво Оршиќ во 67. минута постигна погодок за 0-1, а потоа и Петковиќ од пенал во 78. минута заокружи на конечни 0-2.
Адеми, со капитенската лента на Динамо, го одигра целиот натпревар за хрватскиот шампион кој треба да има полесна задача на реваншот на патот кон следната рунда натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА