Францускиот ветеран Франк Рибери сака да ја продолжи кариерата и најблиску е до враќање во својот некогашен клуб Олимпик Марсеј. Тој планира да игра уште две години. Како што наведува „Л’Екип“, би сакал да ги мине на „Велодром“, каде настапуваше пред да замине во Баерн Минхен.
Рибери има понуди и од МЛС – лигата на САД и од Кина, но верува дека се уште може да игра на врвно ниво и желба му е да се врати во Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА