Точно една година пред Олимписките игри во Токио промовирани се медалите кои се комплетно направени од рециклирани материјали од елктронски апарати. За да бидат направени медалите беа извадени 32 килограми злато од 6,2 милиони телефони. 90 проценти од Јапонците активно учествувале во рециклирањето. Собрани биле и 3,5 тони сребро и 2,2 тони бронза од кои ќе бидат направени 5.000 олимписки како и параолимписките медали.
Предниот дел од медалите е со традиционален дизајн и ја има божицата на победата, додека од 1972 година од Игрите во Минхен, домаќинот има право самостојно да го дизајнира задниот дел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА