Томас Вермален ќе стави крај на својата авантура во Барселона и кариерата ќе ја продолжи во далечната Јапонија. Белгиецот веќе заминал за Далечниот Исток, на лекарски прегледи во тимот на Висел Кобе, по што ќе следи и официјалниот потпис на договорот.
Вермален во новиот клуб за соиграч ќе го има поранешниот тимски колега од Барселона, Андрес Иниеста, кој е прва „ѕвезда“ на Висел Кобе.
Белгискиот интернационалец пристигна во Барселона во 2016 година, но честите повреди го спречија да даде свој придонес во дресот на каталонскиот гигант. Зад неговото име остануваат запишани 53 одиграни средби во дресот на каталонскиот гигант, еден постигнат гол и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА