Италијанскиот калчолигаш Рома го насочува фокусот кон полскиот интернационалец Аркадиуш Милик. Тој сака да замине од Неапол со оглед дека голема е веројатноста „наполитанците“ да го ангажираат Мауро Икарди.
Новиот тренер на Рома, Пауло Фонсека, очајно бара нов напаѓач откако Един Џеко најави дека ќе го напушти „Олимпико“. Милик би бил добредојден во редовите на „волчицата“, а клубот е подготвен да плати 25 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА