Брегалница го победи Силекс на тестот во Кратово

По двете ремија на првите два пријателски натпревари, Брегалница стигна и до првиот триумф низ летните подготовки славејќи со 2-3 (1-1) на гостувањето против Силекс во Кратово.

Штипјани до триумфот дојдоа благодарение на погодоците на Стојанче Велинов во првото полувреме и Тони Мичковски и Ристе Наумов во вториот дел, додека Стефан Коцев и Благојевиќ беа стрелци на головите за кратовци.

Следниот пријателски натпревар на Брегалница е против Академија Пандев на 28. јули.

Се вчитува...