Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска ќе биде главен арбитар на финалето меѓу Франција и Германија од Европското првенство за девојки до 19 години кое се одржува во Шкотска.
Добивајќи ја довербата на УЕФА да биде главен судија на финалето, Ивана Пројковска го заработи најголемото признание во нејзината судиска кариера. Претходно беше дел од завршницата на континенталните собири во Исланд и во Словачка.
Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска e во првата категорија на судии во УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА